Брзинска идеја од калоричен ручек. Загрејте ја рерната на 180 степени. Додека се загрева, во калап со механизам, на кој претходно сте ставила хартија за печење, ставете ја првата тортиља. Врз тортиљата, премачкајте со три лажици доматно пире. Врз пирето, наредете ги кашкавалите, едно парче топено сирење, дел од печурките и дел од шунката. Филот, распоредете го на три еднакви делови. На секое полнење со филот, наросете суво оригано и сув босилек.
Откако ќе завршите со последниот дел од филот, од горе завршете со тортиља. Убаво притиснете со рацете, за да се израмни целата торта. Најгорната тортиља премачкајте ја со маслиново масло или путер.
Печете ја пицата, околу 12 минути на 180 степени. Откако е готова, оставете ја да се подизлади, па послужете ја топла.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови