Во длабок сад за месење се мешаат сите суви состојки.
Се прави вдлабнатина и се додава јајцето и маслото.
Со додавање на топла вода се замесува средно меко тесто.
Нежно се премачкува со масло, се покрива и се остава на топло место околу 2 часа.

На набрашнета подлога, се истура тестото и се обликова.
Се става во намрсен плех.

Најпрво тестото го премачкувам со кечап и посипувам оригано, па рендан кашкавал и останато по желба.

Се става во добро загреана рерна да се пече на 220 степени додека убаво порумени,20-25мин..

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани