Ваквите рецепти се работат одокативно и се со цел да се искористи стариот леб и да не се фрла, така да мерките не се фиксни и секако дека варираат според потребата и тоа што се има дома. Знам само дека на ваков начин со пица вкус можам децата да ги натерам да го изедиме стариот леб и да им е вкусно, а маслинки има малку и неколку и тие се исклучиво за мене, оти нив ќе ги изедат наместо тие нив.

Лебот се сечи на коцки и се распоредува врз премачкана тава со маргарин.
Одозгора се става од саламата исечкана на коцки, се ренда кашкавалот и се поросува со оригано.
Се става од кечапот и се редат маслинките и се прелива со јогуртот одозгора.
Се печи во загреана рерна на 200С додека се створи кора одозгора.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани