Уште една варијанта на солена пита со готови кори.
1. Кашкавалот и чајната салама се сечкаат на мали коцки.
2. Се топат путерот и маслото, но смесата да не биде жешка.
3. Се зема 1 кора и се премачкува со смесата, врз неа се става 2 кора,
се премачкува, врз неа се става 3 кора, па пак се премачкува. Потоа трите кори се насобираат како хармоника и се ставаат во намрсен плех.
4. Постапката се повторува со останатите кори, кои по завршувањето се разредуваат малку да не бидат меѓусебно многу стегнати.
5. Помеѓу корите се ставаат коцкичките кашкавал и чајна салама.
6. Јајцата се матат со киселата павлака со жица, после се става киселата вода и со оваа смеса се полеваат корите кои треба да бидат полеани убаво насекаде.
7. Одозгора ситно се ренда бело сирење, се наросува со сусам и се пече во загреана рерна на 185 степени 30 - 35 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани