- Во сад за месење се става сувиот квасец, солта, шеќерот и се меша со лажица.
- Се додава млаката вода и маслото.
- Потоа постепено се додава брашното, се додека има потреба за да се замеси средно меко тесто.
- Се обликува една голема или две помали пити (зависно како сакате),
се премачкува со масло и се реди претходно подготвеното (на ситни коцки исечкано и посолено) свинско месо.
- Се пече на 180-200 степени зависно од рерната додека да порумени.
- Пред да биде сосем испечена питата (или питите), се вади од рерна, краевите се премачкуваат со малку сенф и се ставаат јајцата.
- Пак се допекува и штом е готово, краевите пак се премачкуваат со малку масло.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани