Прво во вангличка ги ставаме топлото млеко, квасецот и шеќерот.
Додаваме лажиче брашно и промешуваме.
Оставме да се активира квасецот.
Потоа додаваме сол, јогурт, масло, ½ изматено јајце.
Промешуваме со вилушка.
Сега постепено месиме со рака додавајќи брашно.
Треба да добиеме меко тесто, кое не се лепи на рацете.
Го покриваме и оставме тестото на топло.
За тоа време го подготвуваме филот.
На загреано масло го пржиме сецканиот праз.
Од кога е испржен го тргаме од оган додаваме сол, бибер, урда, бланширан и добро исцеден спанаќ, јајца.
Убаво го соединуваме филот.
Втасаното тесто со дланките рамномерно го нанесуваме во округла тава- онаа на делимано за пица.
Краевите малку ги подкреваме.
Го нанесуваме богатиот фил.
Краевите на питата со четка ги премачкуваме со останатото ½ јајце и нанесуваме сусам.
За 10 минути ја ставме питата да се печи во загреана релна на 200 с околу 30 минути,
Послужуваме топла.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани