Во вангличка ставаме квасец, шеќер, лажиче брашно и топла вода.
Промешуваме и оставаме да одстои 5 минути.
Потоа додаваме сол, маслиново брашно, па брашно.
Замесуваме малку лепливо тесто.
Во вангличката ставаме многу малку маслиново масло и тестото го ставаме така што од сите страни ќе биде обложено со маслото.
Покриваме со прозирна фолија и оставаме да одстои 20 минути.
Потоа во правоаголна ростер тава ставаме 2-3 капки масло и тестото.
И врз тестото ставаме некоја капка масло и танко го распоредуваме по тавата.
Врз тестото рендаме моцарела и ставаме сув босилек.
Ја стаавме тавата во загреана рерна на 180-200 с да се печи околу 20 минути, односно да зарумени.
По желба испечената пита ја сечиме на штангли и послужуваме

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани