Подготовка 
Во малку масло го пржиме кромидот исецкан на ситно, го додаваме меленото месо, лукот исецкан на ситно попржуваме убаво и зачинуваме.
Лебот го сецкаме на коцки и посипуваме со млекото промешуваме убаво да впие лебот.
Земаме тава со големина 20 х30 ја намрсуваме малку со масло и го посипуваме дното со лебни трошки.
Го земеме лебот и го распоредуваме по дното на тавата малку и по краевите на тавата.
Половината од меленото месо ја распоредуваме врз лебот.
Јајцата ги промешуваме со маталка и во нив го додаваме половината од кашкавалот.
Оваа смеса ја распоредуваме врз меленото месо.
Ја ставаме и распоредуваме другата половина од меленото месо и врз него ја распоредуваме другата половина од кашкавалот. Вака подготвено го ставаме во рерна на 200 степени околу 20-30 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови