Најпрво го рендаме кашкавалот.
Земаме една кора ја намрсуваме со масло.
Врз нејзе ставаме друга кора која ја премачкуваме со не многу полни две лажици павлака колку да ја премачкате целата кора.
Над павлаката посолуваме околу две раце рендан кашкавал.
Ја мотаме кората во ролна, а потоа ја набираме малку со раце.
Земаме тава во која ќе ја печеме питата ја намрсуваме со масло и ги редиме така подготвените ролни. Тавата не треба да е многу голема колку да ги собере ролните кои нетреба да се многу залепени едни до други.
Кога се замотани сите кори со четка одозгора ги премачкуваме со масло.
Од паклаката со која ги премачкувавме корите треба да оставиме две лажици.
Двете лажици павлака ги матиме со 4 јајца и половина лажичка сол.
И ги нанесуваме врз корите. Со вилушка ги боцнуваме на неколку места корите да впијат од течноста.
Печеме на 200 степени околу 30 -35 минути .
Јас во две кори ставив салама за да пробам за вкусот. Убаво е и така можете да комбинирате.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови