- Најпрвин пригответе ја смесата за премачкување така што со миксирање изработете ги пенесто јајцата, шеќерот и ванилата. Потоа додадете го јогуртот, киселата павлака, разматете, додадете го маслото и повторно изматете. На крај додадете го гризот во кој сте го ставиле и пецивото, измешајте добро и ставете да одстои 1 час како би се згуснал премазот односно гризот е нарасне.
- Праските излупете, исецкајте на потенки резанки, измешајте ги со ванилата и румот.
- Во подмачкано плекче, зависно колку сакате да биде висока питата, ставете ја првата кора, со малку премаз премачкајте, ставете втората кора, пак премачкајте, на третата кора ставете повеќе од премазот, наредете врз него од праските, покријте со четврата кора и се така по истиот редослед додека имате од премазот.
Треба да ја премачкате и најгорната кора откако ќе завршите со редењето на питата.
Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени. Кај мене се пече околу 40 мин, Извадете, покријте нека се потполно олади, па тогаш можете да ја сечете на солидни парчиња.
НАПОМЕНА
Оваа пита можете да ја спремате како штрудла - ролат, така што после постапката кога на третата кора ќе намачкате количински малку повеќе од премазот за разлика од претходните две кори, замотајте во ролат почнувајки од потесната страна. Ставајте во плехот од шпоретот малку пораздалечено бидејки нараснува. Повторете постапката уште за двапати - се добива три штрудли сметајки на тоа дека се заливаат со остатокот од смесата за премаз. На мене вака ми е полесно и вака ја наложувам. Кога ке направам штрудли - потребни ми се 9 кори за пита, а вака ложена околу 12 кори, а многупати ке премалкувам и само 9 кори така што ги предиплувам на половината и се разлистува исто како да сум ставила повеке кори.
Тоа е моето искуство со ваквата пита.
Да не заборавам... чашата со која мерам е 200 мл.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани