Овие прекрасни пирошки, според мене се најубавите што постојат!
Рецептот го имам многу одамна и се присетив на нив, па се решив да ги направам.

1. Секоја палачинка се филува со 1-2 лажици руска салата. Палачинките се виткаат како сармички, за да е тече филот при пржење.
2. Потоа се поховаат. Прво се валкаат во брашно, па во јајце и на крај во презла.
3. Се пржат во убаво загреано длабоко масло, додека да заруменат.

Се послужуваат со сувомесно по избор.
Ова предјадење е одличен избор за секаков вид на прослави како вкусно топло мезе.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови