- На пареа ставете да се вари исчистената и исечена тиква заедно со лукот.
- Сварена испасирајте ја, додадете го маслото и сосема кратко продинстајте на огнот. Зачинете по ваш сопствен вкус.
Прилог
- Котелте измијте, засушете со салвета, добро премачкајте ги со мешавината за свинско, пржете ги од двете страни.
Напомена
- Котлетите не мора да ги приготвите со мешавината, можете да си ги приготвите онака како што сакате. Може и со друго месо, но на мене навистина спојот на свинското со тиквата ми е најидеално.
- Во пирето од тиква можете да додадете карамелизиран кромид и пропржени семки од тиква.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани