Кромидот излупете го, исечете го на парчиња. Исто и лукот. Морковот излупете го, ставете се' заедно во посолена вода и варете 20 тина минути. Потоа додадете го и грашокот и варете додека се убаво да се свари.
Со цедалка ставете го зеленчукот, потоа во блендер и додете малку од течноста која се вареа за да се добие мазно пире. Посолете по вкус и сервирајте.
На здравје !!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови