Овој вкусен летен коктел, многу лесно се подготвува и е вистинско уживање за љубителите на комбинацијата од кокос, ананас и рум.

Кокосово млеко направив по рецептот на Наташа.

Сите состојки се ставаат во блендер, убаво се миксаат и потоа се послужува во голема чаша за коктел.

Лесно, вкусно и едноставно!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови