Стеот исечете го на тенкина парчиња. Секое парче исчукајте го со чеканче, посолете и  додадете зачини.
Стекот ставете го во еден сад прелијте со јогурт, лукчето истолчете го и додајдете го во месото.
Оставете еден час во фрижидер.
Јајцата изматете ги, додадете две лажици брашно.
Месото извадете го од фрижидер и истурете ја во него смеса со јајца и убаво промешајте.
Пржете на загреано масло. Послужете со пире и салата.
По овој рецепт месото излегува многу меко и сочно, пробајте.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани