1. Пилешкиот стек го сецкаме на коцки. Го пржиме во загреано масло во тава на оган.
2. Морковите ги чистиме и ги сечиме на парчиња со долѓина од 2-3 цм. Морковите ги вариме во посолена вода околу 15 минути. Брокулата ја миеме и делиме на мали парчиња. Кога ќе бидат при крај морковите во истиот сад ја додаваме брокулата, кратко ја вариме околу 4-5 минути. Морковите и брокулата ги цедиме. Ги додаваме во тавчето со месо, заедно ги пропржуваме. Ја додаваме павлаката за готвење. Ги додаваме мешаниот сув зачин, црниот бибер и посолуваме. Откако ќе зоврие павлаката ги додаваме 2те парчиња топено сирење да се стопат.
3. Прилог- кромидот ситно го сецкаме, го пржиме на загреано масло во тенџере на оган. Откако ќе зарумени го додаваме ренданиот морков. Заедно ги пропржуваме кратко. Го додаваме оризот и со истата чаша со која сме мереле ориз додаваме 3 чаши вода. Ги додаваме мешаниот сув зачин, солта и црниот бибер. Вариме додека водата не испари, а оризот не се свари.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани