Овој вкусен ручек до сега го правам неколку пати и секој пат му се воодушевувам на вкусот и мекоста на месото, па затоа решив да го споделам со вас.

1. Месото се сецка на средно големи коцки и се пропржува од двете страни на малце масло.
2. Кога месото ќе фати црвеникава коричка, се прелева со јогурт и сенф, убаво се меша, се поклопува со капак и на среден оган се остава да зоврие.
3. Потоа се додаваат зачините, се освен магдонос, тој се додава на крај.
4. Кога сосот ќе се згусне, после 15тина мин готвење, се трга од оган и се додава сецканиот магдонос.

Јас со овој ручек комбинирав две печени пиперки ајварки, кој дополнително го збогатија вкусот на јадењето.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови