Месото се премачкува со сенф, по малку се зачинува од зачините. Се остава да отстои 2 часа во фрижидер или најдобро е преку ноќ.
Месото се пропржува на загреана плитка мрснотија од двете страни. Се вади од тавата.
Се пропржува сецканиот кромид, додека омекни, промени боја.
Потоа се додаваат печурките и тие се пржат.
Се додава брашното, се пропржува.
Се враќаат месата во тавата и се налева со вода, колку да ги покрие.
Се додава коцката за бујонот и малку кари.
Се вари-динста на тивок до умерен оган, додека не испари видно течноста и се згусти сосот.
Додека се вари-динста месото се спремаат крекерите.
Од наведените состојки се замесува средно тесто, кое не се лепи на раце. Се отвора кора и со модла се вадат цветчиња.
Штом течноста се намалила, се додава киселата павлака и убаво се’ изедначува.
Се префрлаат месата во огноотпорен сад, се преливаат со сосот кој малку проврел.
Се редат крекерите.
Од горе малку се наросуваат со кашкавал над секој крекер.
Се става во загреана рерна да се потпече додека се’ убаво порумени и крекерите и површината на јадењето.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани