Една фина идеја за вкусен пилешки ручек. Истиот рецепт може да се искористи и на стек наместо копани, во секој случај многу е вкусно и топло ја препорачувам ваквата подготовка на пилешкото месо.
1. Месото ако е замрзнато се одмрзнува, се мие и се валка во мешавината од сите зачини.
2. Така спремно се реди во тава за печење и врз секое парче месо наливаме по една лажица маслиново масло.
3. Кромидот ситно го сецкаме и и него го ставаме во тавата.
4. Остатокот од маслото заедно со водата го наливаме во тавата.
5. Тавата ја прекриваме со фолија и го ставаме месото да се пече во загреана рерна на 200 степени по половина час од двете страни. Фолијата се трга по половина час од печењето, пред да го завртите месото од другата страна.
6. Откако убаво ќе порумени, готовото месо нека се излади малку, па послужете се. На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови