Во еден сад го ставаме белото месо, измиено и исецкано на коцки.
Додаваме сол, бибер, мустарда и некој зачин по сопствен вкус.
Промешуваме, секоја коцка да биде опфатена.
Оставме во фрижидер на 1 час.
Во тава ставаме маслиново масло да се загрее.
Го додаваме пилешкото бело, веќе маринирано месо.
Пржиме на умерен оган околу 15 минути, односно коцките да почнат да заруменуваат.
За тоа време го сецкаме зеленчукот на ситни коцки, додаваме сол, бибер, масло.
Кога веќе месото заруменува го додаваме и подготвениот зеленчук.
Пржиме на умерен оган уште некои 5-6 минути.
По желба додаваме и сецкан магдонос.
Сервираме топло.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани