1. На пилешките гради им се прави отвор за полнење или се пресекуваат по средината, но не до крај и се истанчуваат со чекан ако се виткаат како ролати.
2. Печурките се сечкаат на парчиња, исто така и маслинките се сечкаат.
3. Пилешките гради се полнат, се посолуваат и се зачинуваат со црн бибер и се ставаат во тавичката и се намастуваат.
4. Така подготвена тавичката се става во рерна да се пече додека месото порумени, а потоа се додаваат компирите, преостанатите печурки и маслинките и се прелива со павлаката и се зачинуваат.
5. Така подготвена тавичката се става повторно во рерна и се печи додека компирите се готови.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови