Стекот го преполовувам скоро до краевите. Користам мариниран.
Спанаќот го сецкам ситно и пропржувам на путер со зачините.
Стекот го полнам со лист кашкавал, смеса од спанаќ и пак кашкавал. Го затварам со чепкалка, пропржувам кратко од двете страни и ставам да се пече 15тина минути под фолија. Ја отстранувам фолијата, го покривам месото со кашкавал и го оставам 5 мин. во исклучена рерна.
Во комбинација со бело вино = одличен ручек/вечера!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови