Предлог за вкусен оброк

Најпрво пилешките мали копанчиња ги ставаме во сад со ладна вода да одстојат 30 минути.
За тоа време во еден сад ги соединуваме сите состојки за маринадата.
Промешуваме убаво за да се изедначат .
Сега повторно со чиста вода ги миеме копанчињата и ги ставаме во садот со маринада.
Мешаме убаво со цел секое парченце убаво да се обложи.
Го оставаме садот во фрижидер да стои еден час.
Потоа земаме компири ги лупиме, па ги сецкаме на мали коцки.
Ги ставме на дното на ростер тава.
Врз нив ги ставме копачнињата заедно со остатокот од маринадата.
Промешуваме.
Ги ставаме во загреана рерна на 190 с. да се печат околу 40 минути.
Послужуваме со сезонска салата или со некој пикантен прелив.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани