1. Компирите и морковите се лупат и се варат.

2. Откако ќе се сварат компирите се сечат на поголеми коцки и се пржат кратко за да добијат кора.

3. Пилешкиот стек се сече на помали парчиња, се зачинува со сол, мелен бибер и 1 лажичка кари и се пржи во маслиново масло.

3. Во друга тава со маслиново масло се пропржува кромидот, морковите исечени на кругови, црвените пиперки и свежите печурки. Се додаваат и црвениот пипер и 1 лажичка кари и убаво се промешува. На крај во тавата се додаваат пилешкиот стек и компирите и се заедно кратко се пржи додека се спојат вкусовите.

4. На крај пилешкото месо заедно со зеленчукот се става во тава за печење и врз него се става рендан кашкавал. Се пече кратко додека кашкавалот не се растопи.

* По желба во чинијата за сервирање се наросува свеж магдонос.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани