Пиперките измијте ги и исечете ги на тенки тркалца.
Во тенџече, ставете ги сите состојки за маринадата. Оставете да проврие течноста околу 1 минута и додадете ги пиперчињата. Оставете да се варат во течноста 10 минути. Целата смеса и течност префрлете ги во чиста тегла. Затворете со капак и ставете ја во фрижидер.

*не треба да се маринираат долго време. за околу 1 час во фрижидер се спремни за јадење.
*сега ги направив со благи, но следен пат со лути пиперки ќе пробам.
*многу се вкусни, особено течноста во теглата за мацкање.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор-Сподели под исти услови