Густа, пикантна супа која ќе ве загрее во ладните зимски денови..

- Во тенџере се загрева путерот и се додава сецканиот кромид. Се пржи 3-4 минути па потоа се додава сецканиот лук и чили пиперката. Кратко се пропржува и се додава пченката и сецканиот компир. Се додава водата и се остава да зоврие и се вари до омекнување на компирот.
- Во супата се додава црниот бибер и солта.
- Кога супата е сварена се исклучува оганот и се додава киселата павлака и сецканиот босилок, цела содржина се блендира со рачен стапест миксер.

Пријатно..

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови