Љубител сум на тестенини, пикантни вкусови, свежи салати и сирење.
Епа сите мои омилени вкусови си ги завиткав во ролат и си уживавме во вкусот.

Најпрвин подгответе го филот
Желатинот ставете го во ладна вода да омекне.

Во подлабок сад ставете ја рикотата и пекорино сирењето.
Измешајте убаво да добиете мазна смеса.

Додајте ги сецканата ајс берг салата цикоријата и пак измешајте.
Потоа додајте ги тостираниот сусам, истолчениот ким, чилито и ситно сецканото лукче.
По вкус може да посолите сосема малку бидејќи пекориното е многу солено сирење.

Павлаката за готвење ставете ја да се загрее, но не да зоврие.
Додајте го омекнатиот и убаво исцеден желатин.
Мешајте со кружни движења на садот за да се растопи желатинот.

Потоа додајте го во садот со останатите состојки.
Измешајте убаво.

Во солена зовриена вода ставете ја тестенината да се вари.
За оваа тестенина се доволни 3-4 минути и ништо повеќе.

Сварената тестенина убаво исцедете ја и нанесете ја на сосема малку намрснета најлонска фолија.
Расопредете ја во праволаголна форма, попрскајте со растопениот путер и оставете да подолади.

Потоа врз кората од тестенини нанесете го рамномерно филот.
Со помош на фолијата завиткајте ролат и оставете да отстои во фрижидер минимум 2 часа.
Ако ви се брза може да го ставите ролатот во замрзнувач, на пократко време( само внимавајте да не добиете сладолед хахахах).

Сечете на парчиња и дегустирајте со некое убаво винце.

На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани