Превкусни печива кои се многу лесни и брзи за подготовка, а се одлично мезе.
Користев готово лиснато тесто.
Лиснатото тесто се остава на собна температура околу 2 часа да се одмрзне.
Потоа се сучи кора која се мачка со сенф и згора се редат листовите сланина.
Потоа кората се сече на ленти дебели околу три сантиметри.
Лентите се виткакаат како спирали, се мачкаат со јајце и се наросуваат со сусам.
Се редат во плех на кој има пек хартија и се печат во загреана рерна на 220 степени, околу петнаесетина минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови