Вкусен компир, кој по вкус потсетува на благиот компир. Сојата прекрасно го карамелизира и финално- неговата боја е прекрасна на изглед.
Компирот се лупи и се сецка по форма, како што вие сакате. Се посолува по вкус.
Во друг сад, со жица за матење, се мешаат маслото, сенфот, сојата, пиперот, карито и биберот. Се добива густа паста, која потоа се истура врз веќе осолениот компир, се меша со лажица, компирите да примат од зачините.
Се распоредува во тава за печење и се полива со 50мл вода. Најпрво се печи со алу-фолија, околу 20минути, на 200 степени. Потоа, фолијата се вади, па се печи на 180 степени околу половина час. Повремено, компирот се меша со лажица, за да се натопи секое компирче од сосот во тавата додека се печи. Се печи се додека компирот не добие златникава боја.
Совршено оди во комбинација со пилешко месо.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови