- Компирот излупете го и ставете во посолена вода да се вари. Нека вари околу 10 мин. , а додека се вари компирот рерната вклучете ја на 250 степени. Кога компирот ќе биде при крајот на варењето ставете во тавата свинска маст неколку лажици (зависно колку компир спремате) да се маста стопи. Полуварениот компир истурете во цедалка да се исцеди водата и така врели веднаш ставете ги во тепсијата со стопената маст, вратете назад нека се пече додека добие убава румена боја.
За премачкување
- Додека се пече компирот спремете ја смесата со зачинките, односно измијте и ситно исецкајте го рузмаринот (доколку е свеж), ставете во тањир, додадете малку маслиново масло, оцетот, биберот и доколку го сакате лукот, ставете го овде и него кој претходно сте го стиснале низ преса или сте го столчиле, доволно е 1-2 чешниња.
- Кога веќе компирот при крај со печењето, извадете ја тавата од рерна. Секој компир може со лажица малку да го налегнете за да испука, но и не мора доколку е поситен. Премачкајте го секој компир со смесата со зачинките, посолете со малку едра сол, одозгора на секој компир ставете по малку путер, вратете во рерната да се допече.
Драги мои... секој гриз е вистинска мамка.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани