Овој прекрасен карфиол е одличен за ручек или хроно вечера. Вечерата во хроно е малку проблематична, бидејќи има доста огранучувања, па затоа ова е супер предлог кога ќе немате идеја.

1. Карфиолот се чисти од листовите и се става во вода со сода бикарбона.
2. Смесата од сенф и зачини се меша убаво и се зема четка за премачкување и со нејзина помош се премачкува со смесата.
3. Се пече на 220 степени околу 30 мин, зависно од големината на карфилот.

Ако го комбинирате за хроно ручек, одлично одговара со домашна кобасица, за вечера може со пилешко, риба или печурки.

Оние кои не се на хроно, може да наросат пармезан одозгора, за побогат вкус.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови