Вака приготвено месо, е задолжително за нашата куќна слава и истото никогаш не останало. Оригинално, ваквото месо се спрема со ловоров лист, но јас бидејќи имав свеж рузмарин, се одлучив за таа комбинација.
Подготовката оди вака:
Најпрво се маринира парчето месо се посолува, се наросоува со мелен бибер, се става мешан сув зачин и се мачка со сенф. Убаво се масира и трие месото. Потоа, на парчето месо се прават мали вдлабнатинки со нож и истите се полнат со чешнињата лук и искинати гранчиња рузмарин. Се остава месото да одмори околу три часа. Потоа, месото се става во огноотпорен сад, се налева со вода и се попрскува со масло за јадење. Убаво се затвора со фолија и се става во рерна да се печи. Најдобро е да се печи на тивко, околу два часа, но јас ова месо го печев прво еден час под фолија, на 200 степени. Потоа, ја тргам фолијата, па го допекувам едно 15минути на едната страна, па уште 15 минути на другата страна. Потоа, го вадам месото од рерна, па го премачкувам со мед и повторно го враќам околу 15тина минути за да се запече се додека не фати коричка.
Најдобро е ова месо да се сече откако ќе се излади.
Како прилог со него, јас правев пире од сладок компир.
Компирот се сечка на коцки и се налева со малку вода да се свари на оган, околу 10тина мин. Потоа, со преса, се гмечи компирот и во него се додава млекото, путерот и кашкавалот. Се зачинува по вкус, се меша добро со лажица и се служи топло.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови