Јадење кое спаѓа во категоријата - прсти да излижиш. Превкусно. Ова беше експериментално и направив само 1 тикве колку за мене. Следен пат ќе биди поголема количината, барем 3 тиквиња.

Подготовка

Исечкајте го тиквето на кругови и додате малку масло врз парчињата.
Наредете ги во тавче и одозгора наросете лук во прав, сол и пченкарно брашно.
Ставете ги да се запечат во рерна на 250 степени.
Кога ќе бидат готови, наредете ги во друг сад и прелејте ги со крем за готвење.
На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови