1. Сусамот и зачините се мешаат во чинија.
2. Пилешкото се сече на долги парчиња (како за прсти) и така исечено се попрскува со маслиново масло.
3. Секое парче пилешко се валка во смесата од сусам.
4. Прстите се редат во нелепливо тавче (или тавче обложено со пек хартија) и се ставаат на печење на 200 степени.
5. Еднаш се оставаат да се печат 15 минути од едната страна, а потоа уште 15 минути од другата страна.
6. Нека се изладат, па послужете.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови