Една поинаква подготовка на печени пилешки гради.

Подготовка
1. Ја загреваме рерната на 200 степени.
2. Го растопуваме путерот. Малку го ладиме, па го соединуваме со јајцата.
3. Ги соединуваме во друг сад ситно насечканото лукче, магдоносот, гиро зачинот, пармезанот, лебните трошки и биберот со солта.
4. Пилешките гради за да ни бидат потенки ги сечкаме по должина или на половина. Ги валкаме во јајцата па во сувите состојки. Ги редиме во намрсена тава.
5. Со остатокот од јајцата со путер го залеваме пилешкото.
6. Печеме додека да поцрвенат или пак пробајте со вилушка дали ви е печено месото.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани