Прекрасен зимски десерт од кој целиот дом преубаво ќе ви мириса.
Крушата је сечеме на половина и внатрешниот дел го длабиме со лажичка.
Потоа половинките круши ги наросуваме со цимет.
Издлабениот дел го полниме со толчени ореви.
Потоа секоја половина круша ја полеваме со едно лажиче мед.
Крушите ги печеме во загреана рерна на 170 степени,околу 40 минути.
Се чека да се оладат па се послужуваат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови