Измешајте топло млеко, шеќер и квасец и оставете да се активира.
Во сад со вилушка матете ги јајцата со прстофат сол и шеќерот.
Откако се изматени додајте го надојдениот квасец, а потоа постепено додавајте го брашното и путерот.
Месете со рака додека да добиете убаво мазно тесто.
Оставете да се дуплира.
Откако е надојдено тестото префрлете го на набрашнета површина и премесете уште еднаш.
Оставете да одмори 10 минути и сукајте кора дебела 1 прст.
Вадете ги крофните со чаша и редете ги на хартија за печење.
Оставете да одморат во тавата уште 20 минути, па така надојдени, печете ги во загреана рерна.
Откако се готови, веднаш се валкаат во шеќер во прав. Штом истинат со шприц се полнат со фил по вкус.
Можете да користите чоколада, крем, мармалад или пудинг.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови