Рецепт за едно вкусно мезе кое се прави за 15тина минути, а вашите гости ќе бидат изненадени од вкусот.
Најбитно не се пржат во масло, а се неодоливо вкусни. Се рони лебот, се додава шунката, сирењето, јајцето, солта и зачините. Со рака се месат сите заедно додека не се добие еднолична смеса.
Се прават топчиња, се прпелкаат во брашно, па во јајце, на крај во презла. Се редат во тавче обложено со мрсна хартија,  се попрскуваат со масло и се печат во загреана рерна на 200 степени додека не поруменат.
Од оваа доза излегуваат околу 20 крокети

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови