Овој десерт ми е еден од омилените и запишан ми е со овие количини и состојки.
Подготовката ми е ислучиво брза затоа што скоро секогаш порано го варам пудингот кој бара добро ладење, а штом е изладен останатото е брзо и лесно.
Постапката е следна
- Прашокот за пудинг се раствора во дел од млекото и се вари на стандарден начин. Се лади сосема, да не е ниту млак.
- Путерот/маргаринот кој ни бил на собна температура го матиме со шеќерот во прав, а потоа го додаваме изладениот пудинг и матиме добивајќи хомоген крем.
- Кремот го делиме на 3 дела во три подлабоки чинии.
- Во едниот дел ги ставаме мелените бисквити, мешаме и ја формираме основата на тортата. Формата е по желба, а јас најчесто ја правам правоаголна.
- Во вториот дел од кремот ставаме кокос, мешаме и овој дел го нанесуваме врз првиот.
Во третиот дел од кремот ги ставаме мелените ореви, мешаме и го распоредуваме врз делот со кокос. Посолуваме со мелени ореви или нешто друго по желба.
- Десертот го ставаме во ладилник 5 минути да се потстегне.

Забелешка
Овој рецепт може да се направи и во посна варијанта со растително млеко или
пак пудингот да се свари со вода наместо со млеко, како и посни бисвити.
Ако тортата ја исечете на помали штанглички, ќе добиете убави ситни колачи.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани