Измиените дуњи и јаболка расечете на половина. Исчистете го тврдиот дел во средината заедо со семките, исецкајте ги на поситно и ставете ги во сад во кој ќе ги варите. Залијте со вода која треба да биде 10-15 см. над дуњите и јаболката и ставете да се варат се до нивно потполо омекнување - распаѓање.
Прецедете преку ситна газа за да биде што е можно побистра. Премерете ја течноста која сте ја добиле, додадете шеќер во сооднос на 2 -два дела од течноста - 1-еден дел шеќер. Размешајте и ставете да се вари се додека не почне да се појавуваат меурчиња на површината - односно да биде погусто до густината на слатко. Или пак да пробате во чаша ладна вода ставете да капне од смесата, ако не се раствори и остане како топче, готово е пелтето и можете да го тргнете, да го излиете во сад кој вие ќе си го одберете. Додека се лади тоа се стврднува и лесно се превртува за да може да се сечат и служат како колачи,
Јас сум пезадоволна од тоа што гледам дека сработив... како килибар е...
Напомена
- Јас бидејки го правев за друга цел, собрав во тегли. Правилно е да се истури во некои модли, кугловчиња, да се остави да се лади и притоа ќе се стврдне. Се превртува по што веќе може да се сече на коцки и ќе е готово благо за во пости.
Се служеше едно далечно време и како слатко најкултурно на послужовник, чаша ладна вода обавезно... садот за малите лажички - од една страна чисти - од другата страна се оставаа лажичките со кои веќе се послужиле гостите... Па имавме и многу убави бокали... мораше обавезно да се послужат - спротивно ќе мислеле гостите дека не биле добредојдени... Ех тие убави времиња... хехе - стареам и веќе станувам многу носталгична...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани