Супер брз намаз - паштета од туна. Се што ви е потребно е блендер или сецко. Сите состојки се ставаат во него и се миксаат - блендираат. Ќе добиете прекрасен вкусен намаз или паштета, кој е богат со многу протеини, но има и прекрасен вкус. Дури и оние кои не се љубители на туна, ќе го сакаат овој намаз.

Одлично оди во комбинација со хроно леб, но се разбира може да го користат и оние кои не се на хроно или пак постат.

За оние на хроно - овој намаз можат да го користат за појадок. Ако сакате намаз од туна за вечера исклучете го таанот (тахини), бидејќи не е дозволен. И без него ќе добиете одличен намаз.
*Разликата меѓу таан и тахини е во тоа дали се користи бел сусам- тогаш се добива таан, а кога се користи интегрален сусам - се добива тахини. Тахинито е погорчеливо од таанот, но и е побогат со витамини од групата Б.
Друга комбинација за попротеински доручек е комбинација од овој намаз со хумус, како еден производ или пак да ги јадете одвоено. Исто така ќе добиете супер протеински доручек кој многу долго ќе ве остави сити. Се разбира доручекот обавезно во комбинација со хроно пециво!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови