1. Доматот го сечеме на половина. На едната половина (онаа поцелата, позаоблената) со помош на чепкалка ги ставаме двете зрна пченка како очи, и триаголничето зелена пиперка како клунче.
2. Празот го сечеме на половина во должина и потоа тие две половини уште еднаш на половина.
3. Доматот го ставаме во дното на чинијата и вадиме ливче по ливче од исечениот праз редејќи го под доматот во форма на полукруг/лепеза.
4. Остатокот од доматот го сечеме на полукружни парчиња кои ги редиме најгоре на чинијата, над врвовите од ливчињата праз.
5. Пиперката ја сечеме на лентички и ја редиме помеѓу ливчињата праз.
6. Со помош на помало делче од празот или пиперката, кое го расекуваме на три му правиме ножиња на паунот.

*Пченката е од замрзнат микс на зеленчук.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови