Прво свинското месо ситно го сецкаме на коцки и го зачинуваме со буковец, мешан зачин, сол и црн бибер. Полеваме со маслото.
Вака подготвено месото убаво го мешаме и го остваме да се маринира во фрижидер цела ноќ или неколку часови.
Тесто
Во сад со млака вода го додаваме квасецот и маслото и промешуваме.
Брашното го посолуваме и во брашното ја додаваме смесата со квасец.
Замесуваме тесто и го оставаме да стасува околу триесетина минути.
Стасаното тесто го делиме на два дела
На плех обложен со пек хартија го ставаме тестото и го формираме како пастрмајлија.
Згора го распоредуваме месото заедно со маринадата.
На страна матиме три јајца додаваме сол и со тоа ги прелеваме пастрмајлиите.
Вака подготвени пастрмајлиите ги печеме во загреана рерна на 200 степени, околу триесеттина минути.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови