1. Шпагети се варат во посолена вода со една лажица масло ( водата треба да биде не помалку од 4 литри)
2. Исецканиот кромид се пржи, потоа се додава обарен и исецкан спанаќ, зачините и течната павлака, откако ќе зоврие смесата се додаваат зденките и сосот се вари уште 2-3 минути.
3. Накрај се додаваат шпагети и сето тоа убаво се промешува.

Пастата се послужува додека е топла.
Доколку ви сосот е погуст може да се додаде малку вода од варените макарони.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани