Ги земаме корите за пита и ги мотаме во ролна сите заедно и ги сечеме на ленти околу 1,5 см.

Земаме тава од електричен шпорет ја намрсуваме со масло, но можете да ја правите и на хартија за печење.

Ги распоредуваме лентите во тавата малку растресени ги попрскуваме со масло или путер го ставаме и магданосот низ целата тава потоа со раце ги промешуваме корите да се навлажни и долниот дел со масло.

Сирењето го гмечиме со вилушка и го распоредуваме врз корите повторно промечуваме со раце.

Во јајцата го додаваме млекото солта и малку бибер и ги матиме со рачна маталка.

Јајцата со млекото ги распоредуваме врз корите така да има насекаде.

Малу со вилшка ги растргаме корите за убаво да впијат.

Ги посолуваме со сусамот и оставаме да постојат така 15 минути убаво да впијат корите.
Ги печеме на 200 степени околу 30 -35 минути.
Кога ќе ја извадите питата од рерна покријте ја со кујнска крпа така малку да се излади.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови