Јаболката се лупат и се рендаат на крупната страна од рендето потоа се додава брашното, какаото водата, шеќерот, сувото грозје, гризот и прашокот за пециво.
Смесата убаво се промешува и е става до 4 мали калапи за куглоф претходно намрсени со малку маргарин за да може полесно да се извадат.
Се печат на 200 степени 10 минути, а потоа се намалува на 170 степени додека се испече убаво. Проверуваме со чепкалка.
Доколку немате мали калапи можете и во калап за мафини да го направите овој колач.

Водата и шеќерот ги ставаме да зовријат. Откога ќе почнат да врие 5 минути и го тргаме шербетот на страна.
Изладените колачи ги попаруваме со топлиот шербет.
На здравје !!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови