Чашата е од 200 мл.
- Најпрво сварете го преливот. Ставете ги шеќерот и водата, но не да сварите шербет како за баклава,  доволно да врие околу 5-6 мин,  шекерот да биде стопен. Оставете го да се олади
- Изрендајте ги јаболката, оставете да го пуштат својот сок. Исцедете, во нив додадете го циметот и измешајте.
- Јајцата со шеќерот со миксер изработете ги како за торта, додадете ги останатите состојки, измешајте да добиете хомогена смеса. Во нив додадете ги веќе исцедените и зачинети јаболка.
- Земајте една кора, премачкајте со смесата, врз неа ставете друга кора, исто така премачкајте со смесата (во овие први две кори по помалку земајте од смесата) ставете трета кора, ставете повеќе од филот - со четка порамнете. На тесната страна од корите поставете го локумот, преклопете малку од страните за да не тече филот. Замотајте еднаш во ролат, посипете од ореви и продолжете да мотате ролат. Така постапувате со останатите кори се додека имате од филот.

Ставете ги ролатите во добро подмачкано плехче, премачкајте ги и одозгора со масло, ставете да се пече на 200 степени. (оваа баница можете и да ја редите - ред кора - ред фил)
Печена извадете ја од рерната и веднаш залијте со оладениот шербет.
Доколку сакате можете да ставите и суво грозје..
Совет
- Полесно е локумот да се измеси и се направи од него форма како колбас во малку помала должина од должината на тесната страна на корите.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани