- Ставете во касерола шеќер и ванила, залијте со водата, ставете на оган да проврие додека убаво да се стопи шеќерот и тргнете да се лади. Не е потребно да се вари како шербет за баклава. Може слободно да додадете 3 чаши вода доколку сакате да не е толку благо и да има повеќе за залевање.
- Со мискер пенесто изработете ги јајцата со шеќерот, додадете го маслото, кратко измешајте, додадете го брашното, измешајте да добиете еднолична смеса.
- Земете една од корите, сосема малку премачкајте ја со јајчената смеса, ставете втора кора, исто и неа малку премачкајте ја, врз неа ставете третата кора која ќе ја премачкате со 3-4 лажици од јајчената смеса. Посипете со оревите, а на самиот крај од кората од тесната страна наредете од локумот кој сте го исекле на четири дела, замотајте во ролат. Така постапете со сите кори. Стопете го путерот или маргаринот, зависи што сте одбрале. Залијте одозгора врз ролатите, ставете да се пече во претходно загреана рерна на 170 степени до убаво зацрвување одозгора. Кога е испечена ја вадите од рерната и така топла ја заливате со оладениот шербет. Покријте и дозволете бар да одстои 2 часа. Ако ја приготвувате одвечер до наредното утро да одлежи е одлична.

НАПОМЕНА
- Во самата јајчена смеса доколку сакате можете да ставите и една лажичка пециво.
- Ова е баница, не е баклава, затоа да не ве збунува што не е толку мокра.
- Јајчената смеса е густа, по правило би требало да се става по 1 лажица на првите две кори - малку потешко се премачкуваат корите поради помалата количина, ако успеете, тогаш ќе имате 6 ролати што значи дека ќе ви требаат 15 кори. Затоа многу пати ја зголемувам количината на состојките за јајчената смеса - да ми е полесно и онака побогата. Ова што е на фотографијата е по рецептот.
- На втората фотографија парчето од баницата, кое е како носечката фотографија, е со пециво во јајчената смеса. Десно од неа е парче премачкувано со јајчена смеса без пециво. Одлучете сами дали ќе ставите или не... јас само да кажам и покажам.
Уживајте во оваа слаткотија...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани