1. Во сад ги ставаме 100 мл вода шеќерот квасецот и 2 лажици брашно добро ги промешуваме и оставаме да стаса 7-8 минути.
2.Во стасаната смеса ги додаваме 100 мл вода маслото маргаринот млекото јајцата солта и половина од брашното промешуваме добро со лажица и ја додаваме другата половина брашно повторно добро го промешуваме тестото и го оставаме да стаса 30-40 минути.
3,На набрашнета површина го ставаме тестото и го размесуваме потоа го делиме на 10-12 парчиња.
4.Ги размесуваме и нив и ги ставаме во намаслена тепсија и повторно ги оставаме да стасаат 15-20 минути.
5.Откако ќе отстојат 15-20 минути ги премачкуваме со жолтчката и ги наросуваме со сусам.
6.Во загрејана рерна ги ставаме да се печат додека поруменат.
7.Ги вадиме од рерна и ги сервираме

*Може да се стави и кашкавал во средина пред да се печи кој како сака.
*Одозгора може да се нароси и афион.
*Бидејќи рерните кај секого не се исти затоа ке ја прилагодите температурата спрема вашата рерна како за печење на обична погача.
ДОБАР АПЕТИТ