Совршено меко и вкусно тесто кое се дели на конци.
Квасецот ставете го во една чаша топло млеко, 1 лажица шеќер и 1 брашно. Промешајте и оставете да се активира квасецот.
Во вангла ставете го квасецот, другите 2 чаши топло млеко, маслото, солта, другите 2 лажици шеќер и 1 цело и белката од другото јајце. Жолчката ќе биде за премачкување.
Постепено додавајте од брашното. Месете цело време. Отприлика влегува едно кило, а имајте при рака уште стотина грама за домесувањето, откако ќе го префрлите тестото од ванглата на набрашнета површина. Убаво измесете го. Треба да биде меко, еластично тесто. Нека искисни околу 1 час.
Од него кинете мали топчиња, отприлика со големина на поголем орев. Секое топче развлечете го во долга форма, премачкајте го со маргарин, ставете сирење и завиткајте во ролатче. Спојувајте по две ролатчиња, завртете ги околу себе и споете ги во вид на кифла.
Одозгора премачкајте ги со жолчката во која сте ставиле 1 лажиче млеко и наросете со сусам.
Наредете ги во плех и ставете ги во ладна рерна па вклучете ја на 180 степени. Печете додека не добијат убава златна боја.
За тоа време додека се пече едниот плех, другиот плех со кифли прекриете го и оставете нека киснат кифлите.
Совршени се, вкусни, а меки се и другиот ден.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови